Полицаец во самоодбрана застрелал возач кој сакал да го прегази
Во Свети Николе синоќа во близина на Стопанска банка се случило убиство. Жртвата е триесетгодишен жител на Свети Николе, во кого во самоодбрана од службено оружје пукал полицаец.
Основното јавно обвинителство-Штип во врска со убиството во Свети Николе, соопшти дека го истражува настанот во кој по напад на овластено службено лице беше употребено службено оружје.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, се наведува во соопштението, ги презема потребните дејствија за да ги расветли причините за употребата на огнено оружје од страна на полицаецот од Полициската станица Свети Николе, кој вечерта при вршење на службени дејствија со пиштол лиши од живот едно лице.
Според првичните сознанија, стои во соопштението од ЈО, полицаецот при вршење на службени дејствија, забележал возило „Лада“ кое се движело со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „Ладата“, видно лут од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал вербална и физичка расправија. Полицаецот пристапил, ги одвоил лицата и започнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој пак давал отпор и започнал со тегнење и туркање да се спротиставува на службеното лице. Потоа, се појаснува во соопштението од ЈО, возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот.
Возачот на „Ладата“, триесетгодишен жител на Свети Николе, потоа во два наврата, движејќи се по патот и вртејќи полукруг се враќал кон полицаецот обидувајќи се да го прегази. Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и притоа му нанел огнострелна рана, од која лицето починало.
Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот.
Ново на Сител
-
Запленети парфеми, облека, обувки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
-
Видевски: Го прашав Палчо зошто ја уби Вања, тој само ги крена рамениците
-
Трамп се закани дека ќе го скрати финансирањето на јавните медиумски сервиси
-
Стабилно снабдувањето со јајца на домашниот пазар пред велигденските празници
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија