Со претставата „Ничија земја“ почнувa четвртиот „МНТ Фест“

Со премиерата на претставата „Ничија земја“ во адаптација и режија на Александар Морфов вечер ќе биде отворено четвртото издание на Меѓународниот театарски фестивал „МНТ Фест“, во организација на Македонскиот народен театар. Бугарскиот режисер Александар Морфов е добитник на годинашната награда на „МНТ Фест“ која Македонскиот народен театар ја доделува за исклучителни естетски достигнувања во областа на театарот.
Пред премиерата на „Ничија земја“ вечер, во 19:30 часот, ќе биде отворена изложба на Драган Гајиќ, кој се занимава со театарска фотографија.
Фестивалот ќе се одржува до 13 јуни под мотото „Создаваме на светов убавина“. На 5 и 6 јуни гостува Хуи опера и пекиншки оперски театар од провинцијата Анхуи со претставата „Магбет“, а на 8 јуни Народниот театарот „Иван Вазов“ со „Дон Жуан“. На 13 јуни гостува Народно позориште од Белград со „Иванов“ во главна улога со нашиот актер Никола Ристановски.
В недела ќе има МНТ фест за деца, кога ќе се изведат претставите за деца „Силјан штркот шанца“ и „Авантурите на Аладин“ и документарниот филм „Право кон ѕвездите“. Идејата, како што информира МНТ, е во иднина да има интернационална детска програма.
Во рамки на фестивалот ќе има две работилници. Првата е ликовна колонија каде десетина млади сликари ќе работат портрети на наши актери, а втората е за театарска фотографија. Млади фотографи ќе ги фотографираат претставите кои доаѓаат, а потоа ќе има изложба.
Претставата „Ничија земја“ е по сценарио на Данис Тановиќ и Александар Морфов. Во неа играат Сашко Коцев, Никола Ацески, Александар Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Славиша Кајевски, Александар Ѓорѓиески, Борче Начев, Камка Тоциновски, Марија Кондовска...
Сценографи се Никола Тороманов и Валентин Светозарев, кој е и костимограф. Изборот на музиката е на Александар Морфов.
Според директорот на МНТ Дејан Пројковски, „Ничија земја“ е една од најважните работи кои ги создал МНТ во последните децении и која, како што рече, ќе ве насмее и растажи до солзи.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
-

Мицкоски: Еврокомесарката Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот
