Њујорк тајмс/Обзервер: „Кембриџ Аналитика“ му помогнала на Трамп најверојатно да победи
Компанијата за анализа на податоци Кембриџ Аналитика, собрала приватни информации од повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук што ги искористила за развивање техника за поддршка во изборната кампања на Доналд Трамп во 2016 година, објавија Њујорк тајмс и Обзервер.
Државниот обвинител на Масачусетс Мора Хил соопшти дека после тие наводи, покрената е истрага.
Фејсбук во петокот објави дека го „суспендирал“ Кембриџ Аналитика, по откривањето дека се прекршени правата за приватност на податоци.
Весниците објавуваат дека тоа е една од најголемите злоупотреби на податоци во историјата на Фејсбук Компанијата Кембриџ Аналитика, со седиште во Лондон, ги искористила податоците кои без дозвола ги презела во почетокот на 2014 година за софтвер со кој се предвидува и влијае врз избор за време на гласање.
Обзервер наведува дека повеќе од 50 милиони профили во тоа време претставувале речиси четвртина од потенцијалните гласачи во САД
Ново на Сител
-
„Јутјуб“ воведува реклами на паузирано видео
-
САД: Жртва на киднапирање се спои со семејството по 70 години
-
Новата сезона во АБА 2 стартува утре со три македонски екипи
-
Менди го продолжи договорот со Реал
-
Верстапен: Второто место е добро достигнување
-
Шолц: Германија нема да ги отстрани ограничувањата на Украина за оружјето со долг дострел за гаѓање цели во Русија
-
Земјотрес и цунами во Јапонија
-
Зеленски за Еј-Би-Си Њуз: Поблиску сме до крајот на војната отколку што мислиме