„Њујорк тајмс“: Трамп пријавил загуби од речиси една милијарда долари и можел да не плаќа даноци 18 години

Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп во 1995 година пријавил пред властите загуби од речиси една милијарда долари што му овозможило да не плаќа даноци во следните 18 години, објави Њујорк тајмс.
Весникот тврди дека добиле податоци за даночните пријави на бизнисменот. Во документите од 1995 година наведено е дека Трамп прогласил загуби од 916 милиони долари и тоа му овозможило законски да не плаќа даноци за период од 18 години, наведува Њујорк тајмс.
Огромната загуба се должи на неефективното управување во почетокот на 90-те години на три казина во Атлантик сити, за неуспешниот обид да влезе на пазарот на авиопревоз и погрешно одбраниот момент за купување на хотелот Плаза на Менхетен.
Трамп кој веќе над 30 години е според Форбс еден од најбогатите луѓе во светот, тврди дека богатството му е над 10 милијарди долари, иако според експерти е доста помало.
Предизборниот штаб на Трамп соопшти дека документот на весникот е добиен незаконски и ги обвини дека дејствуваат во корист на Хилари Клинтон.
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
