„Њујорк тајмс“ смени наслов на текст за Трамп по критики од читателите

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп по масакрите во Тексас и во Охајо, при што загинаа 31 човек во рок од 13 часа, му предизвика проблеми на весникот „Њујорк тајмс“.
Весникот во второто издание од 6 август го смени насловот откако добил бројни критики од читатели поради спротивставените и неубедливи ставови на Трамп.

„Њујорк тајмс“ на насловна страница објави текст во кој ги критикува ставовите на претседателот за контрола на оружјето под наслов „Трамп повикува на единство наспроти расизмот“.

Трамп неколку часа пред говорот на Твитер ги обвини медиумите дека шират лажни вести поттикнуваат атмосфера на гнев.
Трамп беше критикуван и поради тоа што на еден од градовите во кои се случи масакр му го погреши името и го нарече Толедо.
„Њујорк тајмс“ ја објави насловната страница на Твитер и откако аналитичарите и читателите реагираа, нагласувајќи дека ќе ја откажат претплатата, беше сменет насловот – „Да се нападне омразата, но не и оружјето“.
Ново на Сител
-

Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
-

ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
-

Со богослужби и свечена академија ќе бидат одбележани 130 години од храмот „Свети Димитриј“
-

Јаневска: Врсничкото насилство бара заедничка одговорност, родителите мора повеќе да се вклучат
-

Италија планира да ги казнува возачите кои возат пребавно во левата лента
-

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово
-

36-годишник уценувал девојка со интимни фотографии, барал пари и сексуални услуги
-

16-годишна прилепчанка пријавила дека била претепана од партнерот и неговиот татко
