„Њујорк Тајмс“: Израел повторно размислува за удар врз Иран
Израелските власти во моментов размислуваат за воен удар врз Иран, со или без одобрување од САД, објави Њујорк Тајмс.
Тие веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да донесе одлука да не се спротивстави на таков напад за разлика од неговиот претходник Барак Обама, се наведува во денешниот напис во кој се дадени детали за односите меѓу двете сојузнички земји соочени со Исламската Република Иран во текот на изминатата деценија.
„Повторно, по повеќе од една деценија откако први ја покренаа темата со американски официјални претставници, израелските власти размислуваат за можноста за унилатерален удар врз Иран. За разлика од Буш и Обама, постои поголема убеденост дека Трамп нема да се спротистави“, се наведува во извештајот, во врска со напорите на САД и Израел да се спречат Иран да развива нуклеарно оружје.
Не се прецизира какви цели Израел размислува да нападне, но се додава дека „јастребите во Израел и Америка поминале повеќе од една деценија залагајќи се за војна против нуклеарната програма на Исламската Република“. Израел со години активно се подготвуваше за напад врз ирански објекти и беше многу близу до извршување во 2012 година, според американскиот весник.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за Њујорк Тајмс во август изјави дека „недвосмислено“ ќе го одобрел нападот во тоа време, но ја немал потребната поддршка од Владата.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија