„Њујорк тајмс“: ИД во 2014 година создала фабрика за подготовка на самоубијци во Европа
Групата Исламска држава во 2014 година во Европа создала „фабрика“ за подготовка на атентатори-самоубијци за изведување терористички напади, пишува весникот „Њујорк тајмс“, цитиран од ТАСС.
Активното врбување муслимани од земјите на ЕУ почнало уште пред тоа - во 2012-2013 година. Весникот се повикува на протоколи од распити на осомничени, записи од пресретнати телефонски разговори и електронски писма и судски предмети во Европа.
„Сега официјалните лица зборуваат дека знаците дека во Европа се формира ваквата терористичка машина биле видливи уште на почетокот на 2014 година. Но, и покрај тоа, властите на одредени места повеќепати ја омаловажувале значајноста на последниот успешен заговор, оценувајќи го како поединечен изолиран случај. При тоа јавната врска со ИД или не била забележувана или не била сметана за нешто сериозно, пишува весникот.
„Тоа е суштинска фабрика. Тие прават се што е можно за да изведат напад во Франција или на некое друго место во Европа“, го цитира весникот извадокот од распитот на 29-годишниот компјутерски експерт од Париз, Реди Хаме. Тој и уште 21 член на ИД биле приведени во Париз во август минатата година под сомнение дека се обиделе да извршат атентат. Хаме ја минал забрзаната подготовка, а неговиот човек за врска бил Абдулхамид Абауд, еден од организаторите на атентатите во Париз од 13 ноември.
Ново на Сител
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
-
Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
-
Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби
-
Министерот Тошковски ќе отвори нова канцеларија на управните служби во Желино
-
Финска има намера да го продолжи затворањето на границата со Русија
-
Во Берово најстудено, најтопло во Гевгелија