Loading Video...
Свет
21. March 2023 - 16:33

Њујорк се подготвува за обвинение против Трамп

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е подготвен гласно и гордо да им се предаде на властите во Њујорк порача неговиот адвокат Џо Такопина додека  негови приврзаници протестираат  пред зградата на кривичниот суд  во Менхетен, пред кој се поставени барикади.

Трамп, кој повторно бара републиканска номинација за Белата куќа во 2024 година, на социјалните мрежи  објави дека очекува да биде уапсен денеска , повикувајќи ги своите поддржувачи на масовни протести.

Полицијата во големите американски градови е во состојба на готовност, односно се подготвува за потенцијални немири и демонстрации во случај Трамп  да биде уапсен во рамки на истрагата за случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс.Судот  може да покрене кривично обвинение за Трамп и тоа би било прв пат во американската историја да биде уапсен еден екс претсдеател. И тоа не поради погрешен чекор туку поради обид за заташкување.

Парите што  ги добила  порно звздата  за да молчи за нејзината афера со Трамп која според неа се случила во 2006 година наводно не биле декларирани како поткуп  за молк туку во форма на други издадотици на организацијата на Трамп. Сторми Даниелс  добила 130 000 долари во 2016 година кога Доналд Трамп прв пат се  кандидиршае за претседателксата функцијата. Парите и ги предал неговиот тогашен адвокат и денешен критичар Мајк Коен. Трамп  негира дека имал афера, вели дека не неправил ништо погрешно, а истрагата ја  квалификува како лов на вештерки.

Кинескиот претседател Си Џинпинг кој е во тридневна посета  на Москва, го покани својот руски колега Путин да ја посети Кина оваа година. Џинпинг вчера пристигна во Русија, а на состанокот со Путин истакна дека Пекинг ќе продолжи  да ги става руско-кинеските односи како приоритетт.

Западните земји го повикаа кинескиот претседател да изврши притисокот врз Путин да ги повлеке руските војниците од Украина и да се стави крај  на војната. А во ненејавена посета на Киев пристигна јапонскиот премиер Фумио Кишида .Зеленски ја оцени посетата како историска и знак на солидарност од Токио.

Во рамки на владината акција  „Стоп за инфлацијата“, во Црна Гора од денеска поевтинуваат 25 прехранбени производи, меѓу кои јогурт, јајца, млеко, сирење и некои видови свежо и суво месо. Кампањата ќе трае до крајот на април со можност за продолжување. Трговците можат да ја прошират, но не можат да ја скратат предвидената листа на производи планирани во антиинфлациската кошничка.