Њујорк избори финале во плејофот на НБА

Њујорк ноќеска го победи Кливленд во четвртиот натпревар од полуфиналето на плејофот на НБА со 130:93. Натпреварот се одигра во Кливленд.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Донован Мичел, кој постигна 31 поен, но и тоа не беше доволно Кавалирс да го избегнат поразот.
Во победничкиот тим најдобри кошаркари беа: Таунс (19 поени + 14 скока), Ануноби (17) и Шамет (16).
Њујорк ја доби серијата со максимални 4:0. Тие во финалето на плејофот на НБА ќе се соочат со победникот од натпреварот помеѓу Оклахома Сити и Сан Антонио (2:2 моментален резултат).
Њујорк ќе игра во финалето на НБА за прв пат од 1999 година. Тогаш, Никсите загубија од Сан Антонио во решавачката серија (1:4). Њујорк последен пат ја освои титулата во НБА во 1973 година.
Воедно, Њујорк стана четвртиот тим во историјата на НБА со 11 последователни победи во плејофот. Никс ги победија Кавалирс со 4:0, во второто коло од плејофот, Њујорк ја победи Филаделфија (4-0), откако претходно ја победи Атланта (4:2) во првото коло. Последниот тим што го постигнал овој подвиг беше Голден Стејт, кој победи на 15 последователни натпревари во сезоната 2016/17 и ја освои титулата во НБА.
МИА
Ново на Сител
-

Во 2025 година пречистени само 20,6 отсто од отпадните води
-

Мицкоски и Алиу на средба со здруженијата за Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун
-

Сончево и топло, со умерена локална облачност
-

Директорот на полицијата на Србија потврди дека се урнал полициски хеликоптер
-

Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
-

Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат
-

Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот
