Свет
15. December 2017 - 9:12

Њујорчанка обвинета за перење биткоини за финансирање на „Исламска држава“

Њујорчанка е обвинета за перење биткоини и други криптовалути и префрлање пари во странство како помош за терористичката ИД.

Обвинителството покрена пстапка против Зобија Шахназ (27) поради измама и перење пари.

Поранешната лаборантка се здобила со 85.000 долари преку банкарски кредит и кредитни картички за да купи онлајн биткоини и други дигитални валути. Потоа префрлила над 150 илјади долари на лица и компании-фантоми во Пакистан, Кина и Турција.

Според обвинението таа многупати посетувала пропагандни сајтови на ИД: Била на информативен разговор на аеродромот Кенеди во јули кога сакала да отпатува за Сирија.

Нејзиниот адвокат тврди дека таа испраќала пари за помош на сириски бегалци.