Македонија
4. November 2023 - 16:30

Низа грешки причина за доцнењето на автопатот Охрид-Кичево

Низа фактори ја пролонгирале изградбата на автопатот Охрид-Кичево.

Градежниците и експертите сметаат дека станува збор за еден од најкоплексните проекти во државата на кој се работи 10 години лошиот квалитет на проектната документација,па препроектирање поради низа недостатоци  геотехничките ископувања, експропријацијата и административни постапки се само дел од причините зошто овој капитален проект сеуште не е готов.

Според добрите познавачи дополнителен  пропуст е и тоа што проектот е предвреме отпочнат без добро да се анализира од самиот старт.

Експертите посочуваат дека автопатот Кичево-Охрид е пример како не смее во иднина да се планира, проектира и гради.