Низ истокот се вози по влажни коловози
Проодни се сите патни правци низ источна Македонија. Раководителот на регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“-Штип, Кире Коцев вели дека од утринава на коловозите се фрлени околу 200 м/3 песок и околу 80 тони сол.
– Апел до возачите, кои ќе патуваат на патиштата во источна Македонија да возат внимателно, бидејќи се вози по влажни коловози и на одредени места може да дојде до замзрнување. Инаку екипите се постојано на терен и патиштата се проодни, вели Коцев.
Тој истакна дека треба да се внимава кога се вози низ клисурите, поради можна појава на одрони, а особено да се внимава на патните правци од виничкото село Истибања-Македонска Каменица –Делчево и од Виница до Берово.
Директорот на ЈП „Стипион“-Штип, Сашко Протогеров вели дека улиците низ градот Штип се чисти, утринава се фрлени само четири тона сол и тоа на мостовите и на местата каде што може да дојде до подмрзнување на коловозите.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање