Ниту Зоран Заев ниту други политичари не се спомнати во исказот на Јордан Камчев
Ниту премиерот Зоран Заев, ниту други политичари не се спомнати во исказот на Јордан Камчев, рече денеска обвинителката Вилма Рускоска по седницата на Советот на јавни обвинители на која се распрашавше за шефицата на СЈО, Катица Јанева, кој е осомничена и притворена за случајот „Рекет“.
-Не, воопшто не се спомнати. Апсолутно станува збор за дезинформација од одредени медиуми. Заев е спомнат само во делот каде што кажа Јордан Камчев дека пријавил кај него, нагласи Рускоска, одговорајќи на новинарски прашања.
Уште еднаш беше децидна дека ниту еден друг политичар не е спомнат во исказот на Камчев.
Таа кажа дека се уште не утврдиле како протекол во јавноста дел од записникот од сведочењето на Камчев.
На седницата на Советот на јавни обвинители, Рускоска ги презентирала доказите за случајот „Рекет“, како и исказите од сведоците кои досега ги има собрано Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Ново на Сител
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година
-
Албанија: Потврдена пресудата за Фреди Белери, со тоа го губи градоначалничкиот мандат
-
Украина се надева дека ќе биде подготвена за влез во ЕУ до 2030 година
-
Курти со честитка до Мицкоски: Не сме само соседи, туку и сојузници и блиски партнери
-
Скопјанец осомничен за тешка кражба на дрзок начин
-
Жител на Пробиштип неовластено подигнал туѓи средства од банкомат
-
Кривична пријава против двајца жители на Кочани кои копале злато во делчевско
-
Отворена истрага за тешка телесна повреда со смртни последици во затворот Идризово