Македонија
27. May 2020 - 15:38

Ниту еден граѓанин на истокот не го прекршил последниот полициски час

СВР-Штип во последната вечер на полицискиот час нема евидентирано случаи на непочитување на забраната за движење. Но, бележи 45 прекршоци на мерките за неносење на лична заштита.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение до медиумите наведува дека за изминатиот период на подрачјето на СВР-Штип на 32 лица им се издадени решенија за изолација, а две лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се 63 контроли кај лица во изолација и 33 кај лица во самоизолација, а пет лица не ја почитувале мерката за самоизолација.