Бизнис
28. February 2017 - 19:52

Нискобуџетни летови од Скопје до Рим, Малта и Ваксјо

Од скопскиот аеродром до нови три дестинации. Рим Малта и Ватскјо во Шведска, се новите рути до кои ќе им летови од јули. Компанијата Визер достигна три милиони превезени патници, а го базираше и четвртиот авион во базата на Александар Велики.

Владината поддршка во авио сообраќајот ги дава позитивните ефекти. Надлежните очекуваат уште една добра година. Министерот Мисајловски информираше дека се преговара и за воведување на нови летови.

- Од 2012 година па досега преку финансиската поддршка што ја овозможуваме, вклучувајќи ги овие три линии што денеска ги промовираме, Визер воведе 28 линии до европски градови, превезувајќи повеќе од половина од патниците што летаат од македонските аеродроми. Очекувам оваа бројка дополнително да се зголемува со воведување овие дестинации, рече Мисајловски.

Од Визер информираа дека ќе го прошируваат својот тим и најавија отворање на нови работни места.

Нашата инвестиција во базата во Скопје со дополнителниот воздухоплов, трите нови линии и зголемените фреквенции на постојните летови, значи повеќе работни места во Македонија и во „Виз ер“, но и кај нашите бизнис-партнери, и тоа дополнително ќе ги стимулира туристичките и угостителските индустрии и ќе ги зајакне бизнис-односите во Македонија, рече на промоцијата Овен Џонс, главен директор за корпоративни прашања на „Виз ер“.