Нишани: Состојбата во Албанија e на критична точка, можни се опасни судири
Деградацијата на рамнотежата помеѓу функциите на институциите кои дејствуваат во Албанија, ја доведоа албанската држава до голема институционална, политичка и економска криза, каква што никогаш досега немало и секое потценување на одговорноста може да доведе до опасни ситуации, изјави поранешниот албански претседател Бујар Нишани, оценувајќи ја актуелната ситуација во земјата и недоразбирањата меѓу шефот на државата Илир Мета и премиерот Еди Рама во врска со локалните избори.
Нишани додава дека Албанија денес има најслаби институции од кога и да било до сега и посочува дека организираниот криминал и корупцијата станале дел од политиката. – За да се надмине оваа ситуација создадена во албанската држава, треба да ја сфатиме сериозно.
Ситуацијата во нашата земја е исклучително критична, а дополнителната негрижа може да предизвика големи судири, смета Нишани.
Според него, албанската интеграција во Европската Унија е блокирана, а главен виновник за ова е актуелната политика во Албанија предводена од Еди Рама. Нишани додава дека оваа политичка класа го загрозува слободното движење на албанскиот народ. Бујар Нишани беше претседател на Албанија во периодот од 2012 до 2017 година, а на ова функција дојде од позицијата министер за внатрешни работи.
Ново на Сител
-
Религијата мора повеќе да се вклучи во решавањето на светските конфликти, а не преку неа да се разгоруваат војните
-
Преглед на вестите од светот
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари