-->
-->
Нинџа сам се пријавил во Кривичниот суд
-->
Кривичниот суд денеска потврди дека Александар Василевски - Нинџа, еден од осомничените за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, сам се пријавил во судот и оти откако го примил решението за притвор е упатен во истражниот затвор.
- Тој сам се јавил во судот, кај судија на претходна постапка. Го примил решението за притвор одреден во негово отсуство и согласно тоа решение е уптен во истражниот затвор „Скопје“, информираат за МИА од Кривичниот суд.
Александар Василевски - Нинџа повеќе од пет месеци беше во бегство, а по него трагаше полицијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК