Нина Ангеловска – нов министер за финансии
Нина Ангеловска е родена во Скопје на 13 јули 1988 година. Средно образование завршува во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин, во 2010 дипломира на универзитетот „Св. Кирил и Медотиј“ – Економски факултет на Департментот Е-бизнис како најдобар студент на генерација со постигнат успех од 9,94. Таа е добитник на Манинговата награда за најдобар студент на полето на економски науки.
За време на студиите таа е ангажирана како демонстратор на Економскиот факултет по неколку предмети, а учествува и на повеќе национални и меѓународни натпревари на кои има овоено едно прво и едно трето место.
Ангеловска магистрира во областа на Е-бизнисот на истиот Универзитет во 2012 година, а наредната ги почнува своите докторски студии. Во 2016 година се стекнува со стручен назив доктор на науки по организациски науки и управување при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
Професионалната кариера ја почнува со основање на првиот веб-сајт за групни попусти во Македонија – Групер.мк, веднаш по дипломирањето, со што стекнатото знаење го применува во пракса. Групер, како што стои во биографијата, го раздвижува пазарот на Е-трговија во земјава, доживува огромен успех, станува лидер на пзараот и се здобива со голем број признанија и награди.
Во 2017 година таа иницира основање на првата Асоцијација за е-трговија, а станува и нејзин претседател. Таа е и ко-автор на извештајот за состојбата за е трговијата под наслов „Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба бариери о препораки за развој на трговијата во Р. Македонија“.
Во 2016 година германскиот магазин „The Hundert“ ја вбројува во листата на 100 успешни жени основачи на старт-апи, а во 2018 магазинот „Forbes“ ја нагдарува со признанието „30 под 30“ за Европа во категоријата малопродажба и Е-трговија. Од 2018 година Ангеловска е член на УО на Европската аоцијација за Е-трговија ЕМОТА. Во 2019 таа станува и член на УО на Стопанската комора на Македонија
Ново на Сител
-

Над 200 милиони евра годишно се даваат како државна помош, но не се знае кој добива и за што
-

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи
-

Зголемен водостојот на реките, во Кичево се уште се санираат штетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома

