-->
-->
Нимиц оптимист по разговорите, за Наумовски нема основа за оптимизам
-->

По последната рудна разговори за името што се одржа вчера во Њујорк медијаторот на ОН Метју Нимиц излзеле со оценка дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.
Наспроти него, македонскиот преговарач, амбасадорот Васко Наумовски излезе со оценка дека предлозите изнесени од Нимиц се далеку од достоинствено решение.
- Оптимист сум дека овој процес се движи во позитивна насока, рече Нимиц по разговорите со претставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.
Тој посочи дека на маса презентирал сет со сугестии и предлози и дека очекува двајцата претставници Наумовски и Василакис да ги претставеат на своите влади.
- Презентирав сет сугестии за решавање на спорот. Нереално е да се очекува решение што не би го содржело терминот Македонија, нагласи Нимиц по средбата која траела еден час.
Тој очекува во следните две недели да ги посети главните градови на двете земји за да ги слушне нивните мислења за како да се продолжи понатаму, но тоа, рече, зависи од министрите за надворешни работи.
- Моите идеи како целина се нови затоа што имаме нова комбинација на идеи. За ова прашање се разговара 25 години и многу е неочекувано да се излезе со нов предлог. Многу луѓе сиве овие години размислуваме на овие прашања. Затоа многу е тешко да се излезе со нешто ново, но сметам дека сега ситуацијата е различна. На ова гледам како на добар сет на идеи со пакет на компромис со кој двете страни би требало да се чувствуваат комфорно со заеднички прифатливо решение, истакна медијаторот Нимиц.
Амбасадорот Наумовски, пак, во изјава за известувачот на ТВ Сител, по средбата не го сподели оптимизмот на Нимиц и оцени дека предлозите изнесени од негова страна се далеку од достоинствено решение.
Според Наумовски, рамката за разговорите е дадена во Резолуцијата 817 на Советот за безбедност, а тоа е да се надмине разликата околу името. Тој посочи дека ниту една држава нема право да и наметне на друга држава некакво ново име, ниту пак, ОН имаат право да наметнат ново име на нејзина држава-членка, а името на нашата држава е Република Македонија, име што е во основата на нашиот идентитет.
- Денес во 2018 година никој не може да го негира постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик. Од страна на медијаторот денеска беа презентирани некои идеи за коишто сметам дека излегуваат од оваа рамка и дека се далеку од едно достоинствено решение, но, сепак, овие предлози ќе бидат презентирани пред државно-политичкиот врв и истиот ќе може да заземе став по ова прашање, рече Наумовски.
Тој рече дека нема простор за голем оптимизам за решавање на спорот, ако се имаат предвид изјавите од грчките официјални лица и она што било презентирано вчера во рамките на разговорите.
Мирен протест пред главниот влез на зградата на ОН во Њујорк, каде делегациите на Грција и Македонија под медијација на посредникот Нимиц, разговараа за спорот околу името, одржа Движењето „Ние сме Македонија“, јави дописникот на МИА од САД.
На протестот се собраа околу педесетина претставници на македонската дијаспора во САД. Мето Колоски, претседател на Обединета Македонска Дијаспора од протестот најави помасовни и глобални протести против наводната промена на уставното име земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата