Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Специјалниот пратеник на ОН во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето за името, Метју Нимиц, ја повика Грција да го ратификува Договорот од Преспа, откако македонската страна ги исполни своите обврски.
Нимиц во пишаната изјава, што ја објави прес-службата на ОН, наведува дека владата во Скопје на 16 јануари формално ја известила владата во Атина и него како специјален пратеник дека е завршена постапката за промена на Уставот согласно со Договорот од Преспа, со што го исполни својот дел од обврските.
– По известувањето на поранешната југословенска Република Македонија дека се завршени постапките за усвојување на уставните амандмани и домашните правни процедури за стапување во сила на Договорот, од Преспа, според неговите одредби, ратификацијата последователно продолжува во Република Грција. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот, пишува Нимиц.
Додава дека ОН и тој како посредник и понатаму се посветени на процесот и на соработката со двете страни за конечно решавање на разликите меѓу нив.
Според најавите од Атина, парламентот на Грција денеска треба да ја почне процедурата за ратификацијата на Преспанскиот договор. Претседателот на парламентот, Никос Вуцис, изјави дека очекува целата постапка да биде заокружена со гласање до крајот на неделава
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден