Нилс Муижниекс: 2016 е пресвртница за човековите права во Европа

Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, при презентирањето на годишниот извештај за својата дејност во изминатата година, оцени дека 2016 ќе се смета за „пресвртница за човековите права во Европа“, јавува дописникот на МИА од Стразбур.
- Или овој период ќе ни изгледа кога ќе погледнеме наназад како „длабочина на бранот", од кој европските земји, индивидуално и колективно, се вратија и ја потврдија својата посветеност на човековите права, или тој ќе ни го асоцира почеток на крајот на европскиот систем на човековите права и европската интеграција, рече Мужниекс.
Комесарот притоа нагласи дека првпат, тоа се сега три земји (Украина, Франција и Турција) кои се изземааат од Европската конвенција за човекови права. 2016 година, исто така се одликува со националните и европските иницијативи кои влијаат на правото на азил, референдумот за Брегзит одржан во Велика Британија, влошување на ситуацијата со човековите права во таа Турција по обидот за државен удар во таа земја, со усвојувањето во Полска на политички мерки кои сериозно се заканувааат на владеењето на правото и со изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.
За комесарот, „опасните практики, како што е повикувањето на модернизација на Европската конвенција и други меѓународни договори за човекови права и одбивањето да соработуваат со институциите и механизмите на Советот на Европа прикажано од страна на голем број на земји-членки, може да го забрза падот на европскиот систем за заштита на човековите права, ако тие продолжат да се прошируваат.
- Застапниците за целосен ремонт на сегашниот систем не треба да заборават дека новата формула можеби нема да одговара на нивните потреби и може да доведе до хаос, рече тој, поканувајќи го притоа Комитетот на министрите да „признае дека ситуацијата е далеку од нормална за европскиот систем на човековите права, да го сфати како многу сериозно одбивањето соработка и да го сметаат како фундаментална закана за системот, и да предвиди мерки со големи размери за да се воведе ред во европскиот дом на човековите права и да го зачува својот интегритет“.
Во врска со кризата во миграција, Комесарот ги повика земјите-членки да го преземат својот дел од одговорноста и да ги ослободат најизложени земји.
- Владите и парламентите мора да обезбедат функционирање на програмата на Европската Унија за преселување и да ги идентификуваат пречките или причините за доцнењето. Ниту една земја не треба да продолжи ужива неказнивост доколку дава недоволна поддршка за новите бегалци кои пристигнуваат и на тој начин ја охрабрува нивната не-интеграција и нивното заминување во друга земја, рече тој.
Во однос на борбата против тероризмот, Комесарот ги повика владите и парламентите да го разгледуваат секое автоматско продолжување на вонредна состојба и изземањето од Конвенцијата.
- Борбата против тероризмот не е спринт, туку маратон, рече комесарот, кој нагласи дека има итна потреба од зајакнување на демократската контрола на безбедносните служби.
Покрај тоа, зборувајќи пред ПССЕ, комесарот за човекови права на Советот на Европа, истакна дека Комитетот на министри и Парламентарното собрание треба да посветат приоритетно внимание на состојбата на бранителите на човековите права и на состојбата на медиумите.
Ново на Сител
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
