Николовски: Во написот на социјалните мрежи на локалната канцеларија ООН во Скопје никаде не стои името на ВМРО-ДПМНЕ ниту моето име
Ја разбирам нервозата во СДСМ и фактот што ситуацијата им бега од контрола, но не ја разбирам потребата да лажат, надсихорнизираат и додаваат. Тоа што така бурно реагираат значи само едно, дека сме погодиле во центарот.
А каква е вистината: во написот на социјалните мрежи на локалната канцеларија ООН во Скопје никаде не стои името на ВМРО ДПМНЕ ниту моето име, а речиси секаде низ медиумите под контрола на власта ќе прочитате наслов – ООН го демантираше Николоски. Тоа е нивното разбирање на слободата, но не и на останатиот демократски свет.
А еве каква е вистината: Мерките не се доволно рестриктивни, тоа не го кажуваме ние, тоа го кажуваат Обединетите нации. Согласно јавно достапните електронски податоци од Обединетите нации кои се собираат преку нивните надлежни агенции, Македонија е карактеризирана во земји кои немаат јасни ограничувања во однос на приемот на лица од други држави. На крајот дека ова е вистина, а владата неспособна за жал го кажуваат и бројките. Во продолжение четири слики од ИОМ при ООН:
1. Состојба со Македонија каде јасно се гледа дека рестрикција за влез во Македонија има заради медицински мерки
2. Состојба со Србија каде јасно се гледа дека за разлика од Македонија има ограничување за влез од одредени држави што во Македонија го НЕМА
3. Споредба на рестрикции со други земји од Централна Европа каде се гледа дека рестрикциите во Македонија се најслаби
4. Листа на шифри на рестрикции за полесно читање на материјалот
Став на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски
Ново на Сител
-
Таравари излегува од Владата
-
Крис Павловски: Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате голем просперитет
-
Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул
-
Алијансата за Албанците (AA) на Таравари одлучува дали ќе остане во Владата
-
Сиљановска-Давкова на средба со претставници на македонската дијаспора: Се работи на формирање Совет за дијаспората
-
Во Брисел ќе се расправа за подобра заштита на младите на интернет
-
Шест Бугари осудени на затвор во Велика Британија поради шпионажа за Русија
-
Пожар во куќата на британскиот премиер во северен Лондон