Николовски се сретна со јаболко-производителите во Преспа

Трите денари субвенција за предадено индустриско јаболко кај регистрирани откупувачи, на земјоделците ќе им овозможат рентабилно производство и услови за откуп на целата количина произведени јаболка, смета министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Тој заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска во Ресен имаа средба со производителите на јаболка од преспанскиот регион.
Условот за добивање на оваа субвенција, како што појасни ресорниот министер, е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од пет денари за килограм.
- Новата субвенција е донесена после повеќето средби со земјоделците и откупувачите на јаболка, со цел да им се излезе во пресрет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди. Ова е само една од пакетот мерки наменети за овоштарите и производителите од овој регион. Цврсто стоиме на нашите политики за враќање на парите назад кон граѓаните и носење мерки секогаш кога тоа е потребно на земјоделците, изјави Николовски по средбата со јаболко-производителите.
Ресорното Министерство, додаде тој, континуирано го стимулира развојот на овоштарството и преку мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година.
- Во годинашната Програма се зголеми субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети од два на три денари за килограм предадено овошје вклучително и за јаболката во преработувачки капацитети. За 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. Дополнително, за оваа година за реконструкција кај овошните насади особено кај јаболката за промена на асортиментот се воведе нова поголема субвенција од 9.900 денари. За промена на производство од житни во овошни култури земјоделците ќе добијат 30 отсто повисока субвенција по хектар, потсети Никловски.
Директорот на Платежната агенција Бабовски ги повика овоштарите да ја подготвуват документацијата за новиот повик за ИПАРД 2 Програмата што ќе им помогне во инвестициите во делот на реконструкција на овошните насади, промена на асортиментот како и набавка на заштитни мрежи.
Последната интервентна субвенција е петта мерка која Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја носи за овоштарството. За преспанскот регион досега се исплатени 336 милиони денари за сите мерки. На овој начин директно се поттикнува развојот на овоштарството, вклучително и производството на јаболка.
Ново на Сител
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
-

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
-

Трамп вели дека сака да го „реши прашањето“ со Куба пред да му заврши мандатот
-

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето - 13 Ноември
-

Променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
