Бизнис
3. April 2018 - 20:30

Николовски: Русија нема да забрани увоз на македонски земјоделски производи

Нема опасност дека Русија ќе ја спушти рампата за македонските производи. Земјодлеците да не се плашат од воведувањето економско ембарго за Македонија,  вели министреот за змејоделство Николовски. Според него опасноста од ваквата контрамерка поради протерувањето на рускиот дипломат од змејава е исклучена. Нема најави за никакви санкции.

Земјоделскиот сектор би бил најпогоден доколку Русија воведе економски санкции. Во Русија најмногу се извезуваат раноградинарски култури, овошје и тутун.

Лани вкупната размена меѓу двете змеји била 203 милиони долари. Извозот бил на ниво од само 54 милиони.

Ова не е првпат Макеоднија да се соочува со опасност од трговски блокади. Изминатиов период проблем имаше и со увозот на српското брашно. Но спорот беше надминат со договор меѓу двете страни и земјава не се соочи со контрамерки од северниот сосед.