Николовски: Наскоро целосно ќе бидат исплатени субвенциите за 2016 година

До крајот на месецов или на почетокот на наредниот месец целосно ќе бидат исплатени субвенциите за земјоделците за 2016 година, најави денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.
- Во изминатите два месеца го одблокиравме процесот и кон земјоделците исплативме околу 60 милиони евра субвенции преку Програмата за директна финансиска поддршка. Вчера на сметките на земјоделците се исплатени дополнителни 5,7 милиони евра по однос на повеќе мерки и култури на целата територија на државата, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање.
Тој нагласи дека сите решенија по однос на програмата за 2016 година се во постапка.
- Останатиот дел од околу 10 милиони евра од програмата за 2016 година што се во постапка целосно ќе бидат исплатени во текот на месецов или на почетокот на септември. Со новиот директор на Платежната агенција сме во постојан контакт за да ги решаваме и заостанатите проблеми од 2012, 2013, 2014 и 2015 година каде има соодветен застој или, пак, судски решенија и други постапки, потенцира Николовски.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
