-->
-->
Николовски на средба со Паун од ИРИ: Државата чекори сигурно кон ЕУ и НАТО
-->
Генералниот секрeтар на СДСМ, Љупчо Николовски и директорот на Центарот за анализи и истражување на СДСМ, Мартин Попов, денеска се сретнаа со Овен Паун, директор на Меѓународниот републикански институт за Северна Македонија.
На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, спроведувањето на реформскиот процес, како и процесот на евроинтеграцијата на државата и нејзиното приближување кон НАТО и ЕУ.
Генералниот секретар Николовски истакна дека со спроведените реформи, напредокот на државата е очигледен, а најголем доказ за тоа е фактот што по години изолација и неизвесност, денес државата чекори сигурно кон интеграција во најмоќните светски сојузи, ЕУ и НАТО.
Но процесот на реформи, посочи Николовски, мора да продолжи во интерес на граѓаните и државата. Затоа е важно Собранието да го донесе Законот за јавно обвинителство кој е важен за фунцкионирањето на правната држава и правосудниот систем и значаен за евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.
Николовски се заблагодари за досегашната поддршка на Меѓународниот републикански институт во делот на развој на Партиско истражувачките аналитички центри и партиските комисиии, при што заемно беше договорено соработката дополнително да се интензивира во повеќе области.
На средбата, Николовски го презентираше и новиот начин на работа на СДСМ кој е во интерес на граѓаните, го забрзува напредокот и креира мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена

