Николовски и Љајиќ се договорија за брашното
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и српскиот министер за трговија Расим Љајиќ, денеска во Скопје потпишаа Договор согласно кој за брашно од 1,2 и 5 килограми маркичките ќе се лепат во Србија, а за пакувања од 25 и 50 килограми маркичките ќе се лепат во Македонија.
Николовски и Љајиќ по средбата истакнаа дека двете страни направиле отстапки за да се дојде до решение на проблемот.
Македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договореното, ќе биде сменет уште денеска.
- Ова е почеток на долгорочно решавање на сите проблеми меѓу двете влади во делот на земјоделството и трговијата, изјави Николовски по работниот состанок во Скопје.
Николовски соопшти дека Македонија и Србија ќе формираат комитет за натамошна соработка и за надминување на сите отворени прашања.
Љајиќ изрази очекување дека за еден месец Србија и Македонија на системски начин ќе го решат овој проблем.
- Недвосмислено покажавме политичка подготвеност за отстранување на сите царински бариери, рече Љајиќ и додаде дека целта на двете земји е трговската размена од сегашните 760 милиони евра годинава да достигне милијарда евра, а тоа е можно сако ако се елиминираат пречките.
Одговорајќи на новинарско прашање, Љајиќ рече дека Србија веќе нема причини за воведување контрамерки кон Македонија, а заеднички беше ставот со Николовски дека проблемот со брашното, практично ги отвори сите останати прашања и укажа на бариерите кои мора да се отстранат за да се унапреди трговијата меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња
-
Орбан за планот на Зеленски: Тоа е повеќе од страшно