Николовски: АХВ да го реши проблемот со енергетските пријалоци
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски денеска побара Агенцијата за храна и ветеринарство сериозно да се заземе за решавање на, како што рече, проблемот со сомнителните пијалоци кои се продаваат низ државата, а од еден од нив, деца завршиле во болница.
- Агенцијата за храна и ветеринарство со леснотија го прогласи пијалокот за безалкохолен и ја префрли вината на лицата што го конзумирале без да спроведе лабораториски тестирања на истиот, а за добиените резултати ја информираат јавноста, изјави Николовски.
Тој обвини дека АХВ нема донесено правен акт којшто треба да ја регулира оваа област и да обезбеди правна рамка. Според него, во најголем дел од државите како во Србија, Босна и Херцеговина и во САД има правилници во кои енергетските пијалоци се правно регулирани.
- Ние веќе алармиравме, дека во Македонија се продаваат пијалоци со сооднос на кофеин и алкохол што не е дефиниран во ниеден правилник. Презентиравме стручно мислење од Институтот за јавно здравје, како највисока научна институција од областа на безбедноста на храната и јавното здравје во РМ, за еден таков пијалок што претставува закана за јавното здравје, посочи Николовски.
Ново на Сител
-
Возел со 1,35 промили алкохол во него и удрил во 25-годишна девојка
-
Макрон ги повика Трамп и Зеленски да покажат взаемно почитување
-
Прочка - празник за проштавање и очистување од гревовите
-
Велика Британија ќе и даде на Украина 2,26 милијарди фунти за зајакнување на одбраната
-
Европски самит во Лондон посветен на Украина и безбедноста
-
Облачно со дожд, од утре сончево и потопло
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп