Николов: Меџити само ги продлабочува проблемите во здравството
Четвртиот министер за здравство во владата на ДУИ и СДСМ, освен политички пазар и партиски интереси ништо друго не прави во ресорот здравство кој и онака е во исклучително лоша состојба.
Министерот вели дека ќе ги укине организациските директори, а во меѓувреме поставува нови на неколку клиники. Разрешува директори, а јавноста не е информирана која е постапката за разрешување и назначување на нови директори. На министерот не му чини директорот на Клиниката за кардиохирургија, ама пак затоа организацискиот му чини, а тие заедно еден без друг ништо не можат да направат.
Оттука, министерот Меџити во најкус можен рок треба да даде одговори на неколку прашања.
Прво, зошто транспарентно не ги објави постапките при избор на директори во јавните здравствени установи, со оглед на фактот дека до сега има околу 20 нови директори, а јавноста не е информирана кои се.
Второ, министерството за здравство и Државниот здравствен инспекторат зошто веднаш не ги објават сите извештаи во кои има наоди за нерегуларности при спроведените контроли, наместо тоа да го прават како и до сега со еден селективен пристап.
Трето, врз основа на кои критериуми во последниве 10 дена додека ја замајуваа јавноста дека ќе ги разрешел организациските директори, набрзина се назначени три нови организациски директори, и тоа на Клиниката за гастро, кардиологија, Институт за туберкулоза и белодробни болести и најава има дека има четврт организациски директор.
Четврто, по кои критериуми, освен партискиот е назначен на пример и директорот на Клиниката за токсикологија. Тоа е терциерна установа, во која што е назначен семеен лекар кој никогаш не работел во терциерното здравство.
Петто, зошто не е разрешен организацискиот директор на Клиниката за кардиологија ако се земе во предвид дека за забелешките на медицинскиот директор и организацискиот има иста одговорност.
И шесто, зошто нема одговорност за директорот на Психијатриската болница каде јавноста беше згрозена од физичкото насилство кон пациентите кои таму се хоспитализирани. Наместо тоа, министерот не побара одговорност и не превзема ништо.
И на крај седмо, дали министерот смета дека е потценувачки односот кон здравствените лица е односот кон здравствените лица и здравствените работници со покачувањето на платите од 1000-2000 денари и дежурствата од само 300 денари, за кадар кој што заминува и кој што и онака е редок во државата.
И покрај тоа што ова е четврти министер за здравство во Владата ДУИ-СДСМ, проблемите само се продлабочуваат. Затоа тоа оваа Влада мора да замине час поскоро.
Прес-конференција на претседателот на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов
Ново на Сител
-

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
