Николоски: Заев се обидува да ги одложи изборите

Денешната изјава на Заев со повторен обид за одлагање на изборите е уште еден доказ дека знае дека народот не го сака и ќе биде убедливо поразен!
Кога Заев виде дека не може да му помине закон за јавно обвинителство за да се спаси од одговорност сега се обидува да одложи избори. Со една реченица власта на Заев му треба за да избегне одговорност за криминалот и корупцијата.
Фактите говорат дека цело време бега од избори, прво беше протоколот за членство во НАТО, па некаква група закони која 3 години не ја донесе и баш сега му текна да ги носи, па го оспоруваше изборот на Министер во МВР, сега ова со Законот за ЈО со кој бара да се направи модел во кој тој ќе биде амнестиран од одговорност за криминал. И да помине ова ќе измисли нешто друго.
Едноставно е Заев бега од избори зашто знае дека ќе биде поразен, а потоа следува одговорност и за предавствата и за криминалот. За ова денес ќе ги информирам челниците на ЕУ и Европската Народна Партија во Брисел. Мора да се почитуваат договорите. Тоа е демократија, се друго е диктатура. Избори на 12ти април мора да има и ќе има! Напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски во Теарце
-

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со селективна борба против корупција
-

Јаневска: Да го вратиме достоинството на наставникот
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
