Николоски-Варнс: САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста, амбасадор на САД во земјава, на која се разговараше за реализацијата на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатите Битола - Прилеп, Кичево -Гостивар (Стража) и Тетово -Гостивар, информираат од Министерството за транспорт.
На средбата било истакнато дека САД се долгогодишен стратешки партнер и силен подржувач на Македонија во реформските процеси во државата, јакнење на институционалните капацитети, владеење на правото и борбата против корупцијата.
-Стратешкото партнерство меѓу двете земји е гарант за обезбедување на стабилност во земјата и регионот, особено во услови на силни економски и геополитички потреси во различни делови во светот. Економските односи уште еднаш беа во фокус на разговорите каде беа потенцирани добрите трговски врски меѓу двете земји кои бележат континуиран раст и се од огромно значење за деловната клима и инвеститорите, се вели во соопштението од Министерството за транспорт.
Вицепрмиерот Николоски ја нагласил силната заложба на Владата за економски развој преку реализација на крупните капитални проекти, со посебен акцент на регионалното поврзување и интеграција. Истакнал дека предвидените проекти на главните транспортни коридори ќе придонесат за зарбрзан економски и инфраструктурен развој во државата и регионот.
На средбата била нагласена и поддршката на САД во делот на размена на искуства и знаења во различни дејности.
Двајцата говорници потеницирале дека постојат реални можности за интензивирање на економската и трговска соработката и во насока на добрите пријателски односи меѓу двете земји, истакнаа заедничка подготвеност за унапредување на соработката во области од заемен интерес.
МИА
Ново на Сител
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
-

Спор меѓу Вашингтон и Рим по изјавата на Трамп дека Мелони го „молела“ заедно да се сликаат
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
