Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави дека во Хрватска е усвоен закон со кој професионалните возачи ќе можт да добиваат долгорочни визи.
- Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.
Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи, напиша Николоски во својата објава.
Ова, додаде, е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во Јануари годинава.
- Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи- објави вицепремиерот Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
