Николоски: Ги повикувам тетовчани на 20 август да гласаат за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ
Да ви се заблагодарам прво на присуството, денеска сум во општина Тетово, во рамки на предизборната кампања за изборот на советници во општинскиот совет. Веќе граѓаните на општина Тетово можат да ја видат и програмата која што ја предлага советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е една програма која што ги опфаќа најголем дел од проблемите со кои што се соочува општина Тетово.
Ги повикувам граѓаните кога ќе ја прават својата одлука на 20 август оваа година да размислуваат за иднината, да размислуваат за луѓе кои што можат да носат добри одлуки и кои што можат да ги менуваат работите. Видовме во минатото, особено во претходните четири години, со претходниот градоначалник и претходното мнозинство на СДСМ и ДУИ дека не само што не се направија работи, туку се направија и лоши работи, пред се тука е големиот скандал со „ШИК ЈЕЛАК“ и обидот за урбанизација од страна на контроверзниот црногорски бизнисмен со српско потекло, Миодраг Дака Давидовиќ кој што на едно крајно сомнителен начин го доби тоа земјиште преку фирми кои што се на офшор дестинации и кои што планираше таму да направи една бетонска џунгла односно целосно да се задуши градот.
Ние сметаме дека треба да се развиваат паркови, дека градот треба хумано и зелено да се развива. Исто така сметаме дека треба да се отвораат нови потенцијали за инвестиции, пред се тука мислам на слободната економска зона во која што веќе има три капацитети, но мислам дека капацитетот е некаде над десет капацитети кои што би можело да работата, односно над десет фабрики.
Предноста и близината на Тетово и до Скопје и до аеродромот, но и до Гостивар и целиот овој регион може да донесе бројни странски и домашни инвеститори кои што би отвориле бројни работни места и на тој начин да се подобрува економската состојба во државата.
И финално мислам дека еден солиден резултат на ВМРО-ДПМНЕ, а нема да кријам нашата цел е да освоиме 6 советници во рамки на општинскиот совет, кој што брои вкупно 31 советник, една таква сериозна победа на ВМРО-ДПМНЕ и освојување на 6 советници мислам дека ќе е вовед во предвремени парламентарни избори затоа што изборите и во Тетово и во Маврово Ростуше ќе покажат дека народот е опозиционо расположен.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес од Тетово одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали има според него судир меѓу обвинителството и финансиска полиција, и коментар за судирот на Рускоска со финансиска полиција истакна дека Македонија тоне во криминал и корупција, економијата тоне а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите кои што биле ставани под тепих а меѓусебните напади ќе покажат кој што и како правел.
„Па гледаме дека има бројни преписки во наводници овие денови, за жал Македонија тоне во криминал и корупција, вистинската дефиниција за Македонија е дека економијата тоне а корупцијата цвета и во такви услови веројатно сега ќе почнат да се вадат работите кои што биле ставани под тепих. Броен е криминалот во сите области и во сите сектори, за жал оние кои што треба да го сузбиваат криминалот, не само што не го сузбиваат туку очигледно и го стимулирале, па очигледно еве и меѓу себе како што се напаѓаат ќе ни покажат на сите нас кој, што, и како правел, напаѓајќи го едниот другиот веројатно ќе ја добиеме целосната слика“ нагласи Николоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван
-
Исплатени субвенции за тутунот
-
Во Прилеп, Кривогаштани и Долнени започна услугата „Mедицинска сестра во заедницата“ – прва од ваков вид во Македонија