Македонија
7. May 2020 - 18:00

Николоски: Бараме JO да поведе постапка против Заев, тој е главата на рекет шемата

Денес Зоран Заев најави вонредна прес конференција за ова попладне на која што македонската јавност очекуваше дека ќе каже нешто вонредно битно и значајно, нешто поради кое што се свикува вонредна прес конференција. Но наместо тоа видовме една бледа, безначајна прес конференција и македонската јавност се прашува, а и ВМРО-ДПМНЕ која беше потребата од оваа драма и драмолетка која што се случи попладнево. Потребата од драмата, односно драмолетката која што се случи попладнево беше да се сокрие паниката која што денес го фати Зоран Заев после она што го видовме во судот за случајот „Рекет“.

Зоран Заев се надеваше дека корона кризата ќе го спаси него и неговите најблиски од одговорност и од дознавање на јавноста што се случувало со „Рекет“.

Но еве денеска вистината излезе на виделина. И затоа наместо да држи прес конференции без поента и без цел за економската состојба во Македонија за која што и самиот призна дека веќе не блеска, напротив туку дека е во тешка рецесија, најмногу заради недомаќинското работење негово и на тимот составен од Нина Групер, Мила Царовска и останатите кои што не знаат да водат економија. Зоран Заев треба да одговори на прашањата кои што ги заинтригира денеска македонската јавност.

Зоран Заев треба да одговори зошто според тврдењето на прво осомничениот Бојан Јовановски го предупредил дека бил под истрага и против него имало случај уште на 3-ти април, далеку пред да биде покренато обвинение против инволвираните во случајот „Рекет“? Бараме МВР и Јавното Обвинителство против Зоран Заев да отвори случај за сторено кривично дело прикривање и помагање во сторување на кривично дело.