Николоски: Ако Заев го пријавил „Рекет“ нека ја покаже службената белешка
Премиерот Заев да ја покаже службената белешка од пријавувањето на случајот „Рекет, на социјалните мрежи побара потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски
„Поминаа три дена откако јавно побарав од Зоран Заев да одговори дали го пријавил случајот Рекет како што долго време гради приказна ПР тимот околу него. Ако го пријавил мора да има писмена белешка, па го повикувам да ја покаже. Имено упатувам на Законот за кривична постапка член 274 став 3 кој вели дека доколку пријавата се поднесува усно за истата се составува записник, а доколку е телефонски се составува службена белешка. Исто така упатувам на Законот за јавно обвинителство член 39 во кој јасно стои дека ЈО прима пријави, претставки и други поднесоци и изјави од граѓани.“ – пишува Николоски и бара од премиерот да каже на кој ден и на кој начин го пријавил случајот, како и да ја покаже службената белешка.
За случајот Рекет, обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, а Зоран Милевски Кичевец е веќе осуден откако пред стартот на судењето ја призна вината.
Премиерот Заев во повеќе наврати рече дека тој бил првиот кој што го пријавил случајот „Рекет“ во Обвинителството веднаш штом до него стигнала информацијата.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци