Николиќ: Западот и Истокот да се обединат против тероризмот
Српскиот претседател Томислав Николиќ ги повика Западот и Истокот да ги заборават несогласувањата и да се обединат во борбата против меѓународниот тероризам.
- Се соочуваме со закана, со прикриен непријател. Мислам дека немаме време за споровите меѓу Западот и Истокот, меѓу Европа, САД и Русија. Сите ние мораме да се обединиме против злото што се нарекува тероризам, рече вчера Николиќ на Првиот канал на белоруската телевизија, во текот на пресотјот во Минск.
Српскиот претседател оцени дека западната цивилизација направи неколку сериозни грешки во Ирак, Либија и сега во Сирија, инсистирајќи на воведување демократски систем за народите во овие земји.
- И што ја следи таквата демократизација?", запраша Николиќ и наведе дека на народот му се одземени неговото богатство - нафтата, гасот, златото, пренесува ТАСС.
Тоа, според него, е коренот на ваквиот катастрофален миграциски проблем.
Николиќ рече дека приливот на ресурси во Европа е следен од прилив на мигранти од северна Африка и од Блискиот исток, а платениците од Исламска држава сега се меѓу бегалците.
-Заканата од тероризам расте како малиген тумор во Европа и овде ситуацијата нема да се смири, предупреди српскиот претседател.
Ново на Сител
-
ТАВ Македонија: Нашиот вработен не се обиде да и го одземе телефонот на косовската претседателка Османи
-
Повреден пожарникар од Струмица при гаснење пожар
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Трамп: Ќе поднесам оставка доколку моето здравје се влоши за време на функцијата
-
Мицкоски: Илинден е историска вистина и нашиот најсилен повик за акција и единство денес
-
ОЈО поведе истрага за убиство во Батинци, полицијата трага по сторителите
-
Турција го блокираше пристапот до Инстаграм
-
Во Крушево почна одбележувањето на 2 Август