Николиќ: Успехот на БиХ е незамислив без успехот на Република Српска

Српскиот претседател Томислав Николич, кој денеска во Бања Лука присуствиваше на одбележувањето на Денот на Република Српска, изјави дека ја почитува Босна и Херцеговина и дека сака таа да просперира, а успехот на Босна и Херцеговина е незамислив без успехот на Република Српска, како и дека таа не може добро да напредува доколку не напредува и цела Босна и Херцеговина, соопшти Танјуг.
Николиќ кажа дека треба да се создаваат услови во двата составни делови на Босна и Херцеговина луѓето да бидат среќни и задоволни и, независно од се што се случи во минатото, треба да го најдат тоа што ќе ги поврзува и што ќе ги носи напред.
Во Федерацијата Босна и Херцеговина, истовремено, продолжуваат реакциите по повод денешното одбележување на Денот на Република Српска.
Во своето второ обраќање кон медиумите амбасадата на САД соопшти „дали ова празнување ќе придонесе за зголемување на политиката на поларизација внатре во Босна и Херцеговина ќе зависи од зборовите и постапките на државните лидери и соодветната реакција на одговорните институции, согласно законот“.
„Ги повикуваме лидерите на Босна и Херцеговина да ја почнат новата година со тоа што повторно ќе покажат ангажман за решавање на актуалните предизвици пред кои се исправени граѓаните на оваа земја и ќе ги преземат неопходните чекори за да им осигураат позитивна иднина“, соопшти американската амбасада во Сараево.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
