Балкан
6. January 2017 - 14:44

Николиќ: Никогаш не би бил противкандидат на Вучиќ

Српскиот претседател Томислав Николиќ изјави денеска дека би го изненадила кандидатурата на премиерот Александар Вучиќ за шеф на државата. Тој нагласува дека никогаш не би му бил противкандидат. 

- Би се изненадил од повеќе причини. Човек кој за четири години ја дигна Србија не верувам дека лесно би отстапил од функцијата премиер во која може за следните четири години да има уште успеси. Владата треба да се води со таква енергија, изјави Николиќ.

Тој додаде дека не би бил кандидат ако не добие поддршка од СНС.