Свет
15. March 2016 - 16:21

Николај Панков: Русија ќе продолжи со воздушните напади во Сирија

Рускиот заменик министер за одбрана Николај Панков изјави дека ќе продожат воздушните напади на руската воена авијација врз цели во Сирија и после повлекувањето на „главнината“ на нејзинте сили.

Во изјава за руските медиуми, Панков рекол дека „се уште е рано за да се зборува за пораз на терористите“.

-Позитивни резултати се постигнати, но руската воздушна група останува во Сирија, за да продолжи со бомбардирањето на позициите на терористите  и на нивните капацитети, рекол заменик министерот за одбрана Николај Панков.

Изјавата на Панков доаѓа само неколку часови откако беше објавено дека Русија почна со делумното повлекување на своте сили од сириската територија, а руските телевизиски станици обкавија снимки за пристигнувањето на првите борени авиони во нивната база во градот Вороњеж.

Претходно беше јавено дека се повлекуваат авионите од типит „Сухој„ 24, 25 и 34, како и борбените хеликоптери и копнените трупи, но не се открива колкав број од војниците и нивното оружје се повлекува, како и тоа колкумина ќе останат.

Претседателот на Комитетот за одбрана, приГорниот дом на рускиот Парламент, Виктор Озеров изјавил за руските медиуми дека во Сирија че останат 800 руски војници, или два батаљоани, како и руските воени советници кои им помагаат на сириските војнци во ворбата против терористите.

Според Озеров, руската армија нама да го повлече антиракетниот систем С-400 што претгхдно беше предфрлен во Сирија.