Никола Тодоров сведочи за насилствата во Собранието на 27 април

Со сослушување на сведокот Никола Тодоров почна денешното рочиште во Кривичен суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
На денешното судско рочиште се присутни сите обвинети за немилите настани во Собранието и нивните бранители. На почетокот на судењето беа присутни сведоците Никола Тодоров, Весел Мемеди и Оливер Спасовски, а претседателката на судечкиот совет, судијката Добрила Кацарска, кажа дека сведокот Зоран Заев го известил Судот дека не може да присуствува на почетокот поради средба со австрискиот канцелар Курц, по што ќе дојде во судот да сведочи.
Подоцна на судењето пристигна и Заев кому Кацарска му кажа дека сведочењата ќе траат подолго пред да дојде тој на ред и дека може да одлучи дали ќе чека во Суд или поради функцијата што ја обавува ќе биде повикан еден час пред да треба да сведочи.
На вчерашното рочиште сведочеа Мухамед Зекири и Петре Шилегов, а претходно свои искази дадоа и Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски.
Обвинетите во случајот за настаните од 27 април се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок. Тие пред судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.
На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.
Ново на Сител
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
-

Растат цените на нафтата на светските берзи
-

Се проширува акцијата за нелегален увоз на филери и ботокси, приведени повеќе лица
-

Јаневска: Набргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност
