Никола Тесла пред 90 години ги предвидел паметните телефони

Еден од најзначајните светски научници и иноватори на преминот од 19-от во 20-от век, Никола Тесла е познат по големиот број изуми и патенти во подрачјето на електротехниката и радиотехниката, а особено по примената на наизменичната струја и радиокомуникациите.
Неговите истражувања им претходеа на многу важни откритија во физиката, како рентгенски зраци, електронтеи, космичките зраци и акцелераторските честички, а предвиде и голем број технички изуми на 20-от век - телевизори, радари, модерни турбини и глобален систем на комуникација.
Сепак, еден од помалку познатите факти е дека тој го предвидел е паметниот телефон. Имено, Тесла во интервју од 1926 година вели дека кога ќе биде воведен безжичен систем, „целиот свет ќе се претоври во голем мозок“.
- Ќе бидеме во состојба да комуницираме едни со други независно од оддалеченоста. Не само тоа, туку преку телевизијата и телефонијата ќе се гледаме и слушаме едни со други, како да се наоѓаме лице в лице. А инструментите со кои тоа ќе го правиме ќе бидат едноставни во споредба со денешните телефони. Човекот ќе може да носи таков апарат во џеп, предвиде Тесла пред 90 години.
Уште една од работите кои Тесла во истото интервју ги предвидел е дека мажите „ќе станат инфериорни во однос на жените“.
- Оваа борба за рамноправност на половите ќе заврши со нов режим каде жените ќе бидат супериорни, предвидува Тесла.
Ново на Сител
-

Зеленски: Одржувањето избори за време на војна би било огромен ризик за Украина
-

Привeдeн стрaнски државјанин на ГП „Табановце“, возел 164 км/ч на мeсто кaде дозволената брзина е 80 км/ч
-

Баерн го освои Суперкупот на Германија
-

Мурињо за Винисиус: Тој не е светец, но она што му го прават е премногу
-

Приведен 58 годишник од Крушево, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и револвер
-

Најмалку 37 повредени во земјотрес што ја потресе централна Јапонија
-

Ангелов: Избегната катастрофа во прилепско Бонче, пожарот се приближил до куќите
-

Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија
