Македонија
19. January 2016 - 12:33

Никола Јовановски го фати крстот во Крива Паланка

 Двесетгодишниот Кривопаланчанец, Никола Јовановски е среќникот  кој годинава го извади крстот од водите на Крива Река. Никола трет пат учествува на светиот чин, а втора година по ред го фаќа крстот.

Годинава со оглед на тоа што живата во термометарот беше околу 10 степени под нулата, по  крстот  скокаа околу петнаесетина лица, од кои  најсреќен беше Никола Јовановски, кој доби и награда од општина Крива Паланка, телевизор кој му го врачи градоначалникот Арсенчо Алексовски.  Според верувањето, оној што ќе го фати крстот ќе има среќа и бериќет цела година.

Инаку, одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Крива Паланка беше во организација на општина Крива Паланка и Македонската православна црква,  Кумановско – Осоговска епархија. Прославата започна со свечена литургија во црквата „Свети Димитриј“ на која присуствуваа голем број  верници. Свештениците осветија погачи и лепчиња за здравје на сите кои денес имаат домашна слава, панагија или именден.

По  литургијата  следуваше чинот на фрлањето на крстот во водите на Крива Река, а по завршување на церемонијата граѓаните имаа можност да ги вкусат пивтиите припремени  за манифестацијата „Пивтијада“  која се организира седми пат од страна на локалната самоуправа на општина Крива Паланка на градскиот плоштад