Никола Груевски прв македонски политичар со над 200.000 фанови на Фејсбук
На фан страната на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, се регистрирани над 200.000 фанови.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски според сите анкети е политичар кој ужива најголема доверба кај граѓаните, а тоа го потврдуваат и над 200-те илјади фанови на социјалната мрежа Фејсбук.
Ова е за прв пат во македонската политика, еден политичар да има толку масовна поддршка, од над 200.000 фанови на социјалната мрежа.
На неговата фејсбук страна секојдневно се споделуваат фотографии и информации од настаните на кои учествува тој.
На страницата можат да се најдат податоци за голем број на случувања, во сите делови од земјата, фотографии од отворање на нови патишта, училишта, спортски сали, лаборатории, медицинска опрема, средби со граѓани…
Секојдневно, на оваа Фејсбук страна, стотици граѓани во коментар му ја искажуваат својата поддршка и му се заблагодаруваат за спроведеното.
Ова е доказ за огромната поддршка која Груевски ја ужива кај граѓаните.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра