Никола Димитров: Соседите ме нарекоа вирус поопасен од Ковид
Вицепремиерот за задолжен за европски прашања Никола Димитров на денешната последна прес конференција кажа дека затоа заедно со фактот што за неговите позиции немало простор во идната влада, не го изненадила и понудата да биде амбасадор во Вашингтон. Тоа, потенцира Димитров, не само што ќе го тргнело од дома, туку и ќе му го врзело зборот, затоа што, како што рече, дипломатите додека се на должност немаат право да бидат гласни и јавно да се борат за своите ставови дома.
-Кога го одбив Вашингтон, попат добив и друга понуда, да бидам амбасадор можеби во друга земја. Па, дури можеби и да изберам. Сфатив дека очигледно нечиј влог за да не бидам дома, а со тоа и да ослабат гласовите кои се на линијата во преговорите за коишто јас се борам е голем. Интересот да ме нема инаку не е само домашен. Знаете дека многумина кај соседот ќе бидат еднакво среќни да се ослободат како ме нарекоа вирус поопасен од КОВИД. Но, како што кажав и тогаш против вирусот на идеалите и принципите нема вакцина и токму овој обид да го нема мојот глас дома го прави мојот влог, мојот мотив да останам уште повеќе, рече Димитров.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш