Никој не знае, ниту угостителите, ниту хотелиерите што треба да прават од понеделник со новите рестриктивни мерки
На само три дена пред стартот на новите мерки, угостителите збунети. Иако многумина не сакаа да зборуваат пред камера, оние кои одлучија тврдат дека освен што треба да обезбедат редарска служба, друго ништо не знаат што треба да направат. Но посочија дека имаат потешкотии да најдат и луѓе за да работат како редари, па затоа очекуваат дека од 16 август некои од угостителите ќе одлучат да затворат.
Се уште не се знае што ќе се прави со хотелите, дали и во нив ќе може да престојуваат само вакцинирани. Министерот Бектеши посочи дека за овие објекти ќе се одлучува од понеделник, во игра се повеќе варијанти. Истакна дека засега без мерки останува да работат игротеките, а во функција ќе бидат и угостителските објекти во моловите. Но предупреди ако има влошување на состојба, а имунизацијата е бавна и тука ќе се воведат мерки.
Од понеделник контролите ќе бидат засилени. Дел од правнциите веќе реагираа дека пазарен нема надлежност да ги легитимира гостите во објектите ниту пак да прави увид во сертификатите за вакцина. Бектеши пак потенцира дека заедно со пазарните инспектори во контрола ќе оди и полицијата.
Од 16 август, сите затворени угостителски објекти нема да може да организираат прослави, а во отворените делови кои се со капацитет за повеќе од 30 гости, ќе мора да има редарска служба, а присутните сертификат за примена барем една доза вакцина.
Само за споредба во Австрија во угостителските објекти не пуштаат без сертификат за вакцина или прележан. Сите гости покажуваат QR code потоа добиваат ливче на кое го пишуваат името, презимето, телефон за контакт, дата и време кога бил во објектот. Во случај инспекторите да им побараат кој се бил присутен, угостителите ги доставуваат пополнетите листови. Казните за сопственикот кој примил невакциниран гостин се над 30 илјади евра.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
