Никогаш по сексипилна фотографија од Сека и Вељко: Еве што се случува зад затворени врати во Пореч | Сител Телевизија
Џет-Сет
10. August 2018 - 10:21

Никогаш по сексипилна фотографија од Сека и Вељко: Еве што се случува зад затворени врати во Пореч

Сека Алексиќ никогаш не ја криела својата љубов кон сопругот Вељко, а ниту обратно. Каде и да се појават заедно, на крајно едноставен начин ја оправдуваат титулата на еден од најскладните двојки на српската естрада.

Токму тоа и се случи во Пореч, во соба која гледа кон бескрајното синило. И покрај тоа што не откри многу, ниту на фотографијата им се гледаат лицата, пејачката предизвика завист кај многу верни следбеници на Инстаграм, покажувајќи колку сопругот и е приврзан и колку опуштено се чувствува покрај него.

Мистериозната и сексипилна фотографија ги воодушеви сите, па Сека само за неколку часа доби 11.000 лајкови. Многумина останаа без зборови, констатирајќи едноставно - дека тоа е љубов.