Фудбал
21. April 2017 - 18:49

Нигерија: Загинаа 30 навивачи на Јунајтед

Голема трагедија се случи во Нигерија, а поврзана е со Манчестер Јунајтед, чии 30 навивачи смртно страдаа додека го гледале натпреварот помеѓу Јунајтед и Андерлехт (2:1) во четвртфиналето, во Лига Европа.
 
Несреќните луѓе настрадале во градот Калабар, додека заедно го гледале натпреварот и навивале за својот тим против белгискиот тим.
 
Навивачите се наоѓале под далновод, кој поради временски неприлики попуштил, што предизвикало пукање на каблите. На самото место смртно страдале седуммина, а медиумите во Нигерија пренесуваат дека бројката на загинати од струен удар е триесет.
 
Клубот од „Олд Трафорд“ по повод трагедијата се огласи на Твитер.
 
„Нашите мисли се со навивачите, нивните пријатели и семејства, кои се погодени од трагедијата во Калабар“.
 
Инаку, Манчестер Јунајтед го мина Андерлехт со голот на Рашфорд во 107.минута, а во полуфиналето ќе игра против Селта Виго.