-->
-->
Нигер: Боко харам киднапира 18 девојчиња
-->

Регионалниот официјален претставник на Нигер, Ламидо Хароуна Мумуни изјави дека терористичката група Боко харам киднапирала 18 девојчиња од две села.
Тој истакна дека припадниците на Боко харам киднапирале 15 девојчиња од селото Блахарде и три од селото Баге, додавајќи дека овие две места се наоѓаат во близина на подрачјето каде екстремистите убија најмалку седум лица пред една недела.
Мумуни побара од Владата на Нигер да направи се што е можно за да го заштити населението, вклучувајќи дури и дијалог со Боко харам.
Боко харам води деветгодишна борба во Нигерија, при што се убиени повеќе илјади луѓе, а често преминува и во соседните земји Нигер, Чад и Камерун.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
