Македонија
2. May 2016 - 14:12

Ни за Велигден нема мир од крадците: Тешка кражба во скопско Козле

Ни за Велигденските празници крадците не мируваат. Како што информираат од полицијата , вчера во  во 19 часот Р.Р. пријавила дека на ул.„Јуриј Гагарин“ во скопската населба Козле,  од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба, при што преку балконска врата било влезено е во станот, направено било и претурање и пребарување,  одземен е мал сеф во кои имало 16.000 евра и златен накит.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.