Незначително подобра здравствената состојба на повредените во несреќата кај Ниш, возачот на автобусот се разбуди од кома
Здравствената состојба на тројцата најтешко повредени патници во сударот на воз и автобус кај Долно Меѓурово се незначително подобра, но и натаму тешка,рече директорот на нишката Клиника за анестезија и интензивна терапија Радмило Јаковиќ.
„Девојчето (16) со тешки повреди на главата и маж (31) со повреди на карлицата се приклучени на апарати за дишење. Девојчето е со најтешки повреди и се наоѓа во вештачки индуцирана кома од петокот кога е оперирана“, рече Јанковиќ.
Тој рече дека момчето (16) со тешки повреди на рбетниот столб е во стабилна состојба и свесен од самиот прием на Клиниката за анестезија.
„На интензивна нега имаме вкупно 9 пациенти, но денеска тројца или четворица ќе префрлима на хируршките клиники„, изјави Јанковиќ.
Според неговите зборови, возачот на автобусот е исклучен од апарати за дишење и со дијагностика е утврдено дека нема повреди опасни по живот.
Во Клиничкиот центар во Ниш се лекуваат 19 повредени во сударот на автобус и воз напреминот преку пругата кај Долно Меѓурово.
По протестот на жителите Железници на Србија во понеделникот почнаа изградба на рампа на преминот кај тоа село. Рампата треба да биде поставена за 15 дена.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање